Повеќе десетици илјади луѓе присуствуваа на митингот за поддршка на Владата на Тунис, што е еден од најголемите собири од револуцијата во 2011 година.
Учесниците на собирот, кои се приврзаници на владејачката партија Енахда, се собраа на плоштадот Касба во близина на премиерскиот кабинет.
Енахда, која е умерена исламистичка партија, ги повика своите приврзаници да присуствуваат на собирот за поддршка, по масовните протести на опозицијата кои траат веќе една недела барајќи оставка на Владата.
Тунискиот премиер Али Ларајед претходно ги повика на смиреност и воздржаност приврзаниците и противниците на Владата.
– На Тунис му е потребно национално единство. Повикувам на смиреност за да може војската да се бори против тероризмот, а не силата да ја троши на протести, истакна Ларајед.