Десетици илјади луѓе евакуирани во Јужна Индија

Од:

Десетици илјади луѓе беа евакуирани денеска во кампови за помош под управата на владата во јужно-индиската држава Тамил Наду, додека поплавите и натаму се закана за населението, пренесува Фена.

Владата постави 97 кампови за да се помогне во обезбедување на сместување и храна за околу 62.000 луѓе. Локалното население, сепак, се жалат дека нивните домови се уште се поплавени, а помошта од владата доаѓа многу бавно или воопшто не доаѓа.

Снабдувањето со електрична струја се уште е нередовно откако градските власти ја исклучија електричната енергија со цел да се спречат смртните случаи предизвикани од кратките споеви. Фиксните мрежи и мобилните телефони работат со прекини. Повеќе од илјада луѓе користеле Твитер и други социјални мрежи за воспоставување на контакт со пријателите и членовите на семејствата.

Пристапот кон регионот се уште е блокиран, затоа што аеродромот и железничката станица се поплавени.

Индискиот Метеоролошкиот завод денеска соопшти дека дождовите ќе ослабат во интензитет, но додаде дека новите дождови и грмотевици се многу веројатни.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка