Десет личности кои ќе ја обележат 2013 година

Од:

Американскиот претседател, иранскиот духовен лидер, израелскиот премиер и сирискиот претседател ќе бидат меѓу десетте личности кои ќе ја напишат историјата во 2013 година, прогнозира британскиот весник „Дејли телеграф“.

Барак Обама го почнува својот втор претседателски мандат на 23 јануари го чекаат големи предизвици како што се Иран и Сирија.

Весникот наведува дека Башар ал Асад наскоро може „да се качи на авион и да замине во егзил“.

Бенјамин Нетанјаху на 20 јануари го очекуваат парламентарни избори, на кои, најверојатно ќе победи.

Ајатолахот Али Хамнеј може да ја има клучната улога во напредокот на Иран за создавање на нуклеарно оружје.

Меѓу десетте личности на 2013 година се и германскиот канцелар Ангела Меркел, која најверојатно ќе биде реизбрана на изборите во септември, Џон Кери, кој е номиниран за нов државен секретар на САД, Џон Бејнар, претседателот на долниот дон на Конгресот, следниот кинески претседател Кси Чинпинг, младиот севернокорејски лидер Ким Јонг-ун. Во 2013 година меѓу десетте личности во политика е и Силвио Берлускони, кој најави дека ќе се бори за шестти премиерски мандат.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски