Дер Шпигел: Наставници од ризични групи принудени да одржуваат настава во училиште

Од:

Голем број од наставниците во Германија, кои спаѓаат во ризични здравствени групи, побарале да бидат поштедени од работа во училиштата, но биле одбиени, објави порталот на германскиот неделен весник „Дер Шпигел“.

На новинарската сторија работеле четворица новинари, кои утврдиле дека во многу германски покраини од почетокот на новата школска година наставата во училиштата ќе мора да држат многу наставници кои во втората половина од изминатата училишна година можеле да работат од дома.

„Во Шлесвиг-Холстеин , според податоците на Министерството за образование, од далечина можат да работат само 100 од околу 28.000 наставници, што значи дека станува збор за 0,4 отсто“, посочува весникот.

Новинарите објаснуваат дека локалната министерка за образование Карин Приен од редовите на ЦДУ, се најде на удар на критики на јавноста поради тоа што ги принудува наставниците да одат на работа во училиште, со цел да одржат часови, дури и кога ќе достават медицинска документација.

Дер Шпигел го користи терминот „принуда“ поради логиката на бројките; наставници поднеле 2000 барања, од кои, како што може да се види, само 100 биле решени позитивно, а сите други (1900) биле одбиени.

Во написот објаснува дека во неколку германски покраини, надлежните агенции кои водат образование, одбиле да ги признаат медицинските белешки што наставниците ги добиле од нивните лекари, со цел да им се дозволи да работат од далечина. Наместо тоа бараат наставниците да донесат потврда од специјалист по медицина на труд.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“