Демонстрации за автомомија на романските Секеи во Европа и Америка

Од:

Во повеќе европски и американски градови синоќа беа одржани демонстрации за поддршка на автономија на Секеите во Романија.

Најмасовни протести беа одржани во Унгарија, и тоа пред Романската амбасада во Будимпешта, како и во градовите Солнок, Кестели и Сарошпатак. Собири беа организирани и пред амбасадите и конзулатите на Романија во Лондон, Виена, Хелсинки, Хаг, Минхен, Стокхолм, Цирих, Њујорк, Кливленд, Лос Анџелес, Торонто и Отава.

Организатор на демонстрациите беше Здружението за автономија на Секеите, чиј секретар Лајош Ласло порача дека Секеите сакаат „слободно да ги користат својот мајчин јазик и симболи“.

– Сакаме автономија затоа што тоа е единственото прифатливо решение, рече Ласло.

Секеите се унгарска етничка група кои живеат во источниот дел на романската област Трансилванија. Во Романија живеат околу 670.000 Секеи, при што во окрузите Харгита и Ковасна тие сочинуваа 85, односно 74 отсто од населението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет