Демонстрации во Тунис заради убиството на лидер на опозициска партија

Од:

Демонстрации почнаа денеска во различни реони на главниот град на Тунис заради убиството ма лидерот на Обединетата демократска националистичка партија, Шокри Белаид.

Неколку илјади луѓе протестираа на главната улица во градот пред Министерството за внатрешни работи скандирајќи против владејачката партија Ан Нахда.

Демонстранти имаше и пред клиниката Ел Манар каде 48-годишниот политичар беше однесен по нападот врз него и каде почина од повредите.

Негови роднини за убиството ги обвинија членовите на Ан Нахда.

Демонстрации има и во Сиди Бузид, кој беше еден од градовите каде жестоко се дмонстрираше за време на Арапската пролет.

Туниската опозициска Обединета демократска националистичка партија соопшти дека нејзиниот лидер Шокри Белаид бил застрелан пред неговиот дом во Тунис. Политичарот бил пренесен во болница, каде починал. Белаид ја критикуваше владата предводена од исламисти.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен