Повеќе од десет илјади лица од Кувајт протестираа синоќа заради пресудата за опозицискиот лидер Мусалам ал Барак осуден вчера на пет години затвор заради клевети против емирот.
Тие демонстрираа пред домот на опозицискиот лидер кој е и поранешен пратеник.
Подоцна демонстрантите се упатија кон затворот во кој се наоѓа опозицискиот лидер. Ал Барак е првиот кувајтски политичар кој добива максимална пресуда за такво обвинување.