Демократите во Претставничкиот дом jа номинираа Ненси Пелоси за нов претседател на Долниот дом

Од:

Демократите во Претставничкиот дом ја номинираа Ненси Пелоси за нов претседател на Долниот дом на Конгресот на САД.

Пелоси веќе ја извршуваше таа функцијата во периодот 2007-2010 година. Одлуката за номинацијата беше очекувана, иако мала група демократи од Претставничкиот дом беа против, со образложение дека партијата има потреба од нови лидери.

Пелоси (78), претставничка на округот Сан Франциско, Калифорнија, која во Долниот дом е веќе 31 година, беше номинирана со 203 гласа наспроти 32 гласа.

Претставничкиот дом се очекува официјално да ја избере за свој претседател во првата недела од јануари, кога ќе се состане со новиот Конгрес. Пелоси може да има проблеми ако 32 демократи што се против одлучат да не ја поддржат повторно.

На изборите на половина мандат, одржани на почетокот на овој месец, демократите ја презедоа од републиканците контролата на Долниот дом на Конгресот. Но, партијата на претседателот Доналд Трамп успеа да го задржи мнозинството во Сенатот.

Демократите имаат мнозинство од 234 места во 450-члениот Претставнички дом, што може да се зголеми со уште еден мандат по последната останата нерешена изборна трка.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски