Дејвид Милибанд: САД и Русија мораат заеднички да работат за ситуацијата во Сирија

Од:

Претседателот на Извршниот одбор на меѓународниот „Рескју Комити“, со седиште во Њујорк Дејвид Милибанд изјави дека САД и Русија ќе мора веднаш да почнат со соработка и заедничко работење за средување на ситуацијата во Сирија, во борбата со џихадистите од Исламска држава.

Во интервју за америкнаката телевизја Си-Ен-Би-Си, Милибанд кој е поранешен британски министер за надворешни работи, смета дека во таа заедничка, американско-руска активност ќе мора се вклучат и земјите од Персискиот Залив, затоа што тие се дел од овој регионален проблем.

Изјавата на Милибанд доаѓа во време на најголемата бегалска криза во Европа, од завршувањето на Вторатата светска војна.Тој смета дека за надминување на  кризата, не е потребно само разместувањето на луѓето, туку и разрешување на ситуацијата во Сирија, од каде најглемиот број од луѓето бегаат во ЕУ.

Елиминирањето на ИД, според некогашниот шеф на британскиот Форин Офис, има примарно значење за запирање бранот бегалци, но за него тоа е работа на подлг рок, додека на пократок е птребна американско вклучување за да им се помогне на соседните земји на Сирија, споменувајќи ги притоа Либан и пред се Јордан, во справувањето на масата сириски бегалци на нивните територии.

Милибанд кој сега раководи со голема меѓународна хуманитарна организација, вели дека центарот на кризата во ЕУ е Унгарија, но дека најтешко е на грчкиот остров Лезбос.Таму  има повеќе од 20 илјади луѓе, кои Турција ги пропушта слободно да се префрлаат во Грција, а од таму за земјите во ЕУ, а нивниот број постојано се зголемува како тие на разни начини се префрлаат на островот.

Во Интервјуто за Си-Ен-Би-Си, Британецот јавно ги повика САД да напрат нешто за кризата и да и помогнат на ЕУ, да не остане сама во оваа криза.

Според Милибанд , САД се земја создадена од бегалци и мигранти, а Америка има традиција на прифакање на луѓето кои бегаат и на кои им е потребна хуманитарна помош, па во овој случај не може нема да посматра и ќе мора да прими повеќе луѓе на својата територија, онака како што тоа сега го прави само Германија.

Реакцијата на Дејвид Милибанд кој е сега хуманитарец но и до пред пет години прв британски дипломат, доаѓа пред најавената средба на државниот секратер на САД  Џон Кери и на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

САД изразуваат загриженост за извештаите за вклученист на Русија во сириската војна, во пресметката со џихадистите на ИД, иако претседателот Владимир Путин минатата недела ги отфрли таквите тврдења.

Путин меѓутоа, рече дека бранот бегалци не оди кон Европа, бегајќи од претседателот Башар ал Асад, туку од злосторствата на ИД, заговарајќи групата која му се заканува на целиот регион, па и пошироко, да биде војнички поразена.

Во Вашингтон се стравува дека руското „сегашно вклучување„  може да значи помагањ и спасувањее на „режимот на Асад„ како и од евентуалниот судир на Русите со „умерените, антиасад исламисти“ , па затоа бараат од Москва „објаснување“ за тоа што навистина се случува во Сирија.

Безбедносни експерти на Запад се почесто укажуваат дека бегалската криза во Сирија е испорвоцирана од „(западното) мешање, како и „помагањето на заливските земји и на Турција„ во соборувањето на Асад„ иако и понатаму се брани тезата, дека Асад не може да биде дел од решението на сириската криза.

Експретите, сепак,  проценуваат  дека Сиријците кои бегаат,  во далеку најголем број, се Курди и шиити, како и припадници на разните други малцински групи во оваа земја , кои не веруваат повеќе дека Асад ќе може да ги заштити, како што тоа го правеше досега.

Се верува  дека  тоа е мотивот на Милибанд, да повика на заедничка американско-руска акција против ИД, сугерирајќи дека во тоа треба да се вклучат и земјите од Персискиот Залив.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени