Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Од:

Шефот на Главната управа за комуникации на руските вооружени сили и заменик началникот на Генералштабот Вадим Шамарин денеска е уапсен под сомнение за примање мито.

„Судот го одобри барањето на истрагата за определување превентивна мерка притвор за Вадим Шамарин“, соопшти воениот суд на 235-тиот гарнизон, пренесува РИА Новости.

Руските медиуми додаваат дека генерал-полковникот е осомничен за примање мито „во особено големи размери“.

На Шамарин му се заканува казна затвор до 15 години под обвинение за примање поткуп во особено големи размери, соопштија за РИА Новости во воениот суд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукна брана во Русија: Прогласена е вонредна состојба, наредена е евакуација

Се урна руски воен хеликоптер, нема преживеани

Трагедија во Русија: 40 лица се удавија, меѓу кои и деца

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Русија осуди американски новинар: 16 години затвор

Русија за обидот за атентат на Трамп: САД поттикнуваат омраза кон политичките противници