„Дејли Мејл“: Заговор на Трамп и Фараж за смена на британскиот амбасадор во САД

Од:

Велика  Британија се соочува со „оркестриран заговор“ на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и лидерот на Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж, преку „неверојатниот предлог“ да се смени од функцијата актуелниот британски амбасадор во САД, затоа што идниот американски претседател смета дека неговиот пријатек Фараж би би подобро решение, пишува лондонски „Дејли Мејл“.

Весникот, кој важи за близок до владејачките конзервативци и кој се определи за Брегзит, забележува дека не станува збор само за „будалеста идеја“ и за понижување на амбасадорот кој успешно работи во Вашингтон, туку за стилот на работа на Трамп и за неговиот однос кон Велика Британија.

– Стилот за правење зделки и договори за отворање голф-клубови, се нормални работи за Трамп, забележува весникот.

Пролабуристичкиот „Дејли Мирор“ инсистира дека на Велика Британија во САД и треба амбасадор, кој ќе се бори за британските интереси, а не некој што ќе ги „пренесува пораките на Трамп“ во Лондон.

Британската политичка јавност оценува дека „будалестата идеја“ на новозибраниот претседател на САД, сепак, претставува сериозен проблем во односите уште пред Трамп да влезе во Белата куќа, што му ја отежнува натамошната работа на актуелниот амбасадор Ким Дарок.

Владата на премиерот Тереза Меј веднаш ја отфрли „сугестијата“ на Трамп, нагласувајќи дека Велика Британија има амбасадор во Вашингтон и дека тој добро работи.

Според медиумите во Лондон, Меј веќе наложила да се постави „заштита“ околу амбасадорот Дарок и ја потврдила намерата да не му се дозволи на Фараж политички да профитира на домашен терен од победата на Трамп во САД.

Фараж кој сега е само привремен лидер на УКИП, во првичната реакција изјави дека е „изненаден и почестен“ од предлогит на Трамп, но сега лондонските медиуми тврдат дека тој знаел за намерата на новоизбраниот американски претседател.

Фараж јавно полемизира со Меј, барајќи од неа да „води сметка за државните интереси“, а не да се потпира на омразата кон него, сугерирајќи дека тој би прифатил дипломатска улога во Вашингтон.

Ким Дарок е дипломат со искуство во професијата и школуван за надворешната политика. Најџел Фараж нема никакво искуство во оваа работа, нема завршено ниту факултет, а никогаш не му успеа да биде избран за пратеник во британскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница