Дебата за Хашкиот трибунал во ОН

Од:

Претставници на 50 држави, денес ќе зборуваат на јавна дебата, посветена на работата на Хашкиот трибунал, која ја закажа претседателот на ГС на Обединетите Нации, Вук Јеремиќ.

Меѓу нив ќе биде и претседателот на Србија Томислав Николиќ, но не и претставници на САД и Хашкиот трибунал.

Собирот ќе го отвори Јеремиќ, а потоа на присутните ќе им се обрати генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.

По говорот на двата лидера на ОН, дебатата ќе ја започне српскиот претседател Томислав Николиќ.

-Претседателот на Србија ќе изложи сериозен реферат, анализа на 42 страници, која ќе остане во архивите на ОН, со која ќе се докаже дека процесот кој претходел на формирањето на Хашкиот трибунал не е во рамките на правото, најави советникот на претседателот на Србија, Оливер Антиќ.

Учество на дебатата најавија Русија, Кина, Јапонија, Австралија, Швајцарска, Хрватска, Индија.

На собирот би трбало да присуствуваат и претставници на Аргентина, Уругвај, Чиле, Венецуела, Албанија, Нов Зеланд, Бангладеш, Египет, Јужна Африка, заеднички претставник на ЕУ, Турција, Бразил, Пакистан, Колумбија, Палестина и други.

На панел дебатата по име „Правда“, прв ќе зборува некогашниот командант на Унпрофор во БиХ, канадскиот генерал во пензија Луис Макензи.

Покрај него ќе дебатираат и професор по право од Универзитетот Питсбург, Чарлс Џало, професорЏон Чиорчари од Универзитетот во Мичиген и претседателот на Центарот „Веритас“, Саво Штрбац.

Во Њујорк отпатуваа и претставници на Здружението „Мајките на Сребреница“, на кои ќе им биде овозможено да присуствуваат на јавната дебата, и покрај тоа што тоа здружение нема акредитација во ОН како невладина организација.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг