Дански пратеник побара да се пука на чамците со мигранти

Од:

Безбедносните сили би требало да пукаат на чамците со мигранти кои се обидуваат нелегално да влезат во Европската унија, изјави денеска данскиот пратеник и припадник на Данската народна партија Кенет Берт.

– Единствен ефикасен начин е да ги свртите чамците и да кажете: Не можете да пловите во рамките на оваа национална граница, а доколку тоа го сторите, ќе биде пукано на вас или ќе бидете испратени назад, изјави Берт за телевизијата ДК4.

Тој подоцна ја ублажи својата изјава во статусот на Фејсбук, каде наведе дека не мислел оти треба да се пука на луѓето, туку бродовите на НАТО да можат да стрелаат во воздух во знак на предупредување.

Портпаролот на Данската народна партија Сорен Сондергард рече дека ваквите изјави не се официјален став на партијата.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти