Данска: Мајка осудена на 4 години затвор, секоја седмица му вадела половина литар крв на синот

Од:

Судот во градот Хернинг, Данска, осуди жена на четири години затвор оти на својот син му вадела по 500 милилитри крв еднаш седмично во период од пет години.

Жената, инаку медицинска сестра, 110 пати му извадила крв со помош на катетер, во период кога момчето имало меѓу една и шест години, а потоа на лекарите им кажувала дека неговата лоша крвна слика се должи на ретка болест на коскената срцевина.

Докторите сепак се посомневале во „местенката“, ја известиле полицијата, па надлежните наложиле тајно снимање.

Во психијатрискиот извештај добиен, исто така, по налог на судот, се вели дека мајката страда од „Синдромот на Минхаузен”. Тоа е психичка состојба кога родителот, за да привлече внимание на себе, намерно го повредува своето дете или го прави болно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна