Данчила: Нема да поднесам оставка

Од:

Романскиот премиер Виорика Данчила, по денешното изгласување недоверба на нејзината Влада, изјави дека нема да поднесе оставка како лидер на Социјалдемократската партија(СДП) и нема за што да биде обвинета.

– Знаете дека бев избрана на конгрес. Останувам во раководството на СДП, истакна Данчила, откако на заедничката седница на двата дома на парламентот во Букурешт вкупно 238 пратеници и сенатори се изјаснија дека сакаат оставка на владиниот кабинет.

На прашањето што ќе направи доколку од неа се побара да направи чекор назад, таа одговори дека „нема намера да отстапи“.

Данчила нагласи дека не е виновна за ништо, додавајќи дека владата приложила мерки кои се добри за населението и кои позитивно се оценети од граѓаните.

Таа, исто така, изрази увереност дека ќе влезе во вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат следниот месец.

Романската опозиција сега има десет дена да предложи нов премиер, кој треба да биде одобрен од шефот на државата Клаус Јоханис. Потоа мандатарот и целиот состав на новиот владин кабинет треба да добијат доверба од Парламентот, за да можат да стапат на должност.

Би можело да ве интересира

Лудовик Орбан номиниран за премиер на Романија

Романскиот Парламент и изгласа недоверба на владата на Виорика Данчила

Ана Ололовска

Десет загинати во сообраќајка во Романија

Ана Ололовска

Фон дер Лaјeн бара нови кандидати од Романија и Унгарија

Романски суд: Басеску соработувал со Секуритате

Распад на коалицијата во романската Влада, се очекува гласање за доверба во Парламентот

Ана Ололовска