Дамаск предупреди на можен напад врз Турција и Јордан, доколку се вклучат во воена операција предводена од САД

Од:

Сирискиот заменик министер за надворешни работи Фајсал ал Мекдад предупреди дека Дамаск може да ги нападне Турција и Јордан, ако овие земји се вклучат во воена операција против Сирија, објави турскиот информативен сајт „Хаберлер“.

Турскиот портал се повикува на дописник на „Волстрит Џурнал“ од Дамаск.

– Се надеваме дека американските власти ќе постапат разумно и ќе го слушнат гласот на правдата, и нема да преземат провокативни дејствија, изјави Фајсал ал Мекдад.

Мекдад упати предупредување за можните последици од нападот на САД врз Сирија. Според него не само Израел би бил цел на напади од страна на Дамаск при таков развој на настаните, туку и сириските соседи Турција и Јордан, доколку се вклучат во воениот удар, предводен од САД.

– Ако војната почне, никој не може да контролира што ќе се случи. Сметаме дека секој напад на Сирија ќе предизвика хаос во земјата и регионот, предупреди сирискиот заменик министер.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски