Дали Претседателот Емануел Mакрон ги убеди Французите – првиот одговор доаѓа од улиците

Од:

Во однос на конференцијата за печатот, Емануел Макрон го помина тестот на политичките коментатори. Но, дали тој успеа да ги убеди Французите, одговорот ќе дојде од улицата денеска – 27 април, за кога е закажан на 24-тиот ден од мобилизацијата на „жолтите елеци”.

Речиси два и пол часа Макрон одговараше на прашањата, и направи детално објаснување на неговите мерки, даночната политика, намерата да ја зголеми куповната моќ на сиромашните, индексација на инфлацијата за малите пензии, гаранции за неплатените алиментации за самохраните мајки, додека за средната класа – олеснување на данокот на доход за 15 милиони домаќинства од 2020 година.

Одговарајќи на прашањата од новинарите повикани во Елисејската палата, Емануел Maкрон изрази каење, признавајќи дека може да се покаже „арогантен”, „неправеден”, „нетрпелив” или „остар” наспроти барањата или популарната воздржаност.

-Прес-конференцијата му овозможи на Макрон да „најде малку кислород”, вели претседателот на Институтот ПолингВокс, Жером Сант-Мари , формално според него тоа „беше извонреден настан“.

Но, „Французите сакаат да се види, особено конкретно како тие ќе имаат корист, што ќе се промени во нивните животи”, вели Кристел Крапеле од БВА Опинион.

Макрон предупреди дека „неопходните промени” ќе продолжат. „Ориентациите направени за време на првите две години на многу начини беа праведни”, инсистираше тој.

Мобилизирани од средината на ноември на социјалните мрежи и секоја сабота во главните градови на Франција, вклучувајќи го и Париз, „жолтите елеци”, го предводат социјалниот протест пред синдикатите и политичките партии, ги слушнаа овие зборови на претседателот. Но, за нив, одговорот не е соодветен на нивните очекувања.

„Тоа се меркички”, „празни”, однесување на „непочитување” уште истата вечер „жолтите елеци” го критикуваа претседателското обраќање. За нив Емануел Макрон не одговори на „очекувањата на народот”.

„Тој не смета за идиоти,” велат тие на социјалните мрежи.

Џереми Клемент, еден од портпаролите на движењето, смета дека „претседателот ги разбрал (нивните) барања, но тој не одговорил на нив”.

Најавите за недостатокот на демократија осудени од страна на демонстрантите се веќе познати, тој смета дека, или се тоа половични мерки – вклучувајќи ја и реформата за олеснување на спроведувањето на референдум на иницијатива на граѓаните.

Извлекувањето со жрепка на 150 граѓани кои ќе ги зајакнат редовите на „Советот на граѓанско учество”: „Тоа ќе бидат пријатели на власта”, стравува тој.„Се сомневавме и бевме во право, претседателот не ја доведува во прашање неговата политика во последните две години, дури и ако тој нè цитира”.

Како резултат на тоа, и покрај намерната „пауза” на еден од своите водечки личности во медиумите Ерик Друе, демонстрантите повторно се повикани да се појават на улица во големите градови, особено во Стразбур, каде е испратен „Меѓународен повик “, како и во Тулуз и Париз – со страв од нови насилства.

Уште една силна личност на движењето, Прсилиа Лудоски сумираше на Твитер: “демо (нстрации) 27/04, демо 01/05, демо 04/05 , демо 08/05м демо 11/05, демо 18/05, демо 25/05 “, објавувајќи ја програмата на демонстрации за наредните недели, особено на 1 мај, Денот на трудот, и на 8 мај, другиот празничен ден.

За министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, движењето ќе замре, бидејќи „жолтите елеци не се народот” и дека тие „немаат барања”.

Но, 1-ви мај, што доаѓа вообичаено е традиционален ден на синдикален протести барања, кој може да ја релансира машината на протести.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили