Дали носењето маска е ефикасно за да се избегне Коронавирусот?

Од:

Голем дел од луѓето забележани во Кина носат маска во обиде да се заштитат себеси и да спречат пренесување на вирусот, но дали е тоа навистина ефикасен начин за спречување на неговото ширење?

За оние кој се заразени, маските можат да помогнат да се спречи ширењето на вирусот кој е директно поврзан со респираторните заболувања, велат експертите.

„Доколку не се чувствувате добро и носите маска, да,  тоа може да биде ефикасно поради тоа што со раката не го прекривате носот или устата и така кога се ракувате со некого вашата рака е чиста… вие со тоа ја прекинувате методата на пренесување“, рече Мек Дермот.

Маските за да ги заштитат луѓето треба да бидат од биолошки состав кои чинат поскапо, но се поефикасни од обичните маски кои не се доволно квалитетни и би можеле да ги влошат работите“, додаде таа.

 

Од друга страна, хирурзите, на пример ги носат маските за да ги заштитат своите пациенти од бактерии, но не и да се заштитат себе си.

„Ако некое лице е заразено… маската би помогнала да се спречи пренесувањето“ рече Џенифер Лајтер, доцент доктор на детските инфективни заболувања на медицинскиот факултет Гросман и додаде дека „општата популација нема причини да носи маска за лице“.

Според Пекош, „повеќекратните заштитни маски функционираат подобро, но тие не немаат целосна ефикасност, препорачливо е народот да се грижи за својата хигена и луѓето да избегнуваат јавни собири“.

 

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски