Дали крузерите навистина се расадници на коронавирусот

Од:

Епидемијата на коронавирус се уште е главно концентрирана во Кина, каде и започна во градот Вухан. Но најголем размер на епидемијата надвор од Кина не е забележан во другите земји, туку на крузерите.

Британскиот крузер „Дајмонд Принцес“ е во карантин на пристаниште во Јапонија, откако патник е позитивно тестиран на новиот коронавирус при испловување на бродот.

Во меѓувреме потврдено е дека 175 од гостите се заразени, од кои четири лица се во критична состојба.

Бројот на заразени патници за сигурно ќе расте бидејќи се тестирани само околу 500 гости на крузерот од вкупно 3.700.

Поради тоа сите на бродот ќе останат во карантин уште една недела додека помине периодот на инкубација на коронавирусот.

Но „Дајмонд Принцес“ не е единствениот крузер кој може да биде жариште на епидемијата.

Како што пренесува “Би-Би-С”и, на уште еден крузер во Хонг Конг 3600 патници биле во карантин поради стравот дека некои од патниците се заразени.

На гостите им било дозволено да го напуштат крузерот откако тестовите се покажале негативни.

Уште еден крузер кој испловил на 1 февруари од Хонг Конг не смеел да застане во ниту едно пристаниште во Јапонија, Гуам, Тајван и Филипини иако никој од бродот не бил заразен.

На крај Камбоџа дозволи да закотвени.

Крузерите често се опишуваат како „пловечки петриеви садови“ – идеални места за ширење бактерии и вируси. Но дали ова обвинување е вистинито?

Професор доктор Санџаја Сенанајаке, експерт за заразни болести на Австралискиот национален универзитет, објаснува за “Би-Би-Си” дека секако постои зголемен ризик на респираторни и гастроинтестинални зарази на бродовите.

“Во глобала имате патници и членови на екипажот од различни делови од светот кои интимно и интензивно се мешаат за краток временски период.

Сите тие имаат различен имунитет, така што тоа создава услови за појава на инфекција”, вели докторката Сенанајаке.

Од друга страна, експертот за крстарења, Стјуарт Чирон истакнува дека „реалноста на крстарењето е многу поразлична од перцепцијата“.

Така на пример луѓето мислат дека кога чекаат ред во бифе има многу контакт меѓу патниците, вели Чирон, кој бил на повеќе од 250 крузери.

„За големите крузерски линии тоа не е точно. Постојат постојки – ако сакате јајце, одите на постојката за јајца и член од екипажот со ракавици ќе ви ги даде.

Поентата е дека ретко чекате во ред и не проаѓа секој покрај секое парче храна, а тоа ја минимизира интеракцијата меѓу луѓето”, додава Чирон.

Бизнисот со крузери сигурно ќе претрпи финансиски удар, но епидемијата нема да ги спречи луѓето ширум светот да одат на крстарење, предвидува Чирон.

Најмногу ќе бидат погодени крстарењата околу Кина и југосисточна Азија, додава Чирон.

Но кога ќе погледнете во остатокот од светот, Европа, Алјаска, САД, луѓето се уште патуваат.

„Ројал Карибијан“ откриле дека само 1,5 отсто од прашањата што ги добиле биле околу вирусот, истакна Чирон.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски