Дали Европската унија му дава аванс на Иран?

Од:

Советот на Европскиот сојуз за половина година го продолжи мирувањето на санкциите кон Иран поради напредокот кој е постигнат на преговорите за иранската нуклеарна програма во Виена. Како тоа ќе се одрази на ставот на Иран во новиот преговарачки процес?

Приказната за санкциите кон Иран е долга. Почетокот на процесот на воведувањето на антииранските санкции го втемели тогашниот претседател на САД Џими Картер, кој веднаш по победата на исламската револуција објави воведување на санкциони мерки кон Техеран. Првата причина беше киднапирањето на американските дипломати во Техеран. Од тогаш стапи важењето на претседателскиот указ продолжуван секоја година.

Указот на Картер, чие важење Вашингтон го продолжува од година во година ја ограничува трговијата во финансиските операции, економската дејност на физички лица, кои престојуваат на иранска територија, соработката меѓу Американците и Иранците, како и односите со фирми на трети земји кои соработуваат со Иран. На странските фирми им е забрането да учествуваат во реекспорт на американска стока за Иран, или ќе им се оневозможи пристап на пазарот во САД.

Втор сериозен пакет санкции на САД кон Иран претставува законот Д-Амато од 1996 година, кој го засили притисокот на странските компании кои инвестираат од над 20 милиони долари во тек на една година. Како основна причина за примена на ограничување кон Иран тогаш се наведуваше помошта на терористичките организации. Појавата на иранскиот нуклеарен проблем, според ставот на експертите иницираше нов бран санкции. Прво Советот за безбедност на ОН од 2006 до 2010 година, усвои 4 резолуции со список на мерки за санкции кон ИРИ. Потоа, во 2012 година воведени се еднострани санкции кои ги објави Европската унија, САД и некои други земји. Причина претстауваше кршење на принципите на Договорот за неширење на нуклеарно оружје УННО, од страна на Техеран.

Најновиот портфељ на санкции, кој ги опфаќаат антииранските мерки во областа на банкарската дејност, работата со нафта и осигурувањето на бродовите нанесе најголема штета на иранската економија и го принуди раководството на Иран да се согласи на сериозен и продуктивен дијалог со своите опоненти кои се шесторката на меѓународни посредници РФ, КНР, САД, Британија, Франција и СРХ.

Судбоносните промени настапија кога на 24 ноември 2013 година беше потпишан Женевскиот договор – План за заеднички активности, документ кој укажува отвора пат за конечно решавање на иранскиот нуклеарен проблем.

Во текот на двете години, двете страни Иран и шесторката, според ставот на експертите направија многу чекори во позитивна насока. Поради успехот во преговорите, САД практично од пролетта 2014 година почнаа да гледаат низ прсти на кршењето на антииранските санкции од страна на другите земји. А во текот на летото САД привремено ја укинаа забраната за купување на нафтени и хемиски производи од Иран. На Американците повторно им е дозволено да испорачуваат на Иран резервни делови за поправање на авиони на цивилната авијација на земјата, меѓу другото, да вршат дејности со компанијата Иран Аир, како и да извезуваат некои други видови на индустриски производи. Забраната сеуште се однесува на некои компании, кои се ставени на црн список на американското министерство за финансии.

ЕУ исто така го спречи делувањето на своите санкции. Замрзнувањето на антииранските санкции од страна на САД и ЕУ е дефинирано на 24 ноември оваа година, од датумот кога се планира заклучување на конечниот сеопфатен договор за иранската нуклеарна програма, со кој се исклучува можноста за производство на нуклеарно оружје во ИРИ.

За жал, договорот не се појави во наведениот рок. Но, како што изјави заменик министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Рјбаков – Прашањата кои остануваат се до таа мера очигледни и јасни што многу сметаме на тоа дека најавениот продолжеток навистина ќе биде последен. Секако, ќе треба вложување на значителни напори за усогласување на техничките прилози, но мислам дека главниот документ наскоро ќе биде готов.

Оптимизмот на западните опоненти на Иран во поглед на безбедноста на склучувањето на сеопфатниот договор во 2015 година, беше причина за тоа Советот на ЕУ да усвои законодавен акт за продолжување на режимот на смрзнување на санкциите на 7 месеци, т.е. до 1 јули 2015 година. Според зборовите на Рјабков до овој рок за заедничкиот договор треба да биде потпишан главниот документ и ново продолжување на преговорите не е предвидено.

Спречувањето на делувањето на санкциите на ЕУ кон Иран, меѓу другото се однесува и на банкарските операции со ИРИ, инвестирањата во иранската индустрија на нафтени и хемиски деривати, осигурување на иранските танкери за нафта и трговија со скапоцени камења и метали со Техеран.

Оваа година кога санкциите се намалени, Иран успеа да го зголеми извозот на нафта од најлошите показатели од 2013 година до 700 илјади барели на ден на над 2,4 милиони барели. Тоа на иранскиот буџет според различни податоци донесе од 30 до 50 милијарди долари, што во извесна мерка ја заживеа иранската економија која стангираше под санкциите.

Затоа ЕУ даде на Иран аванс со очигледна цел да го поттикне Техеран на порешително делување во правец на постигнување на компромис во последната фаза на преговорите.

Сега просторот за политичко маневрирање на Иран е намален. Противниците на сите договори и компромиси со Техеран во САД и Израел нестрпливо го очекуваат 1 јули 2015 година. Ако преговорите и тогаш доживеат неуспех, ќе можат со еден куп компромитирачки материјали за ИРИ и доказите за праведноста на своите дејства да се нафрлат на Иран со нови остри санкции или дури пострашни методи на сила.

Иран и шесторката преговарачи треба да направат нешто повеќе, за да не се остварат соновите на противниците на договорот и Исламската република зачувувајќи го мирниот атом, но без санкции, да стане полноправен член на светската политичка и економска заедница.

Гласот на Русија – Москва

 

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел