Даблин: Знаме како поддршка за Палестинците „под окупација“

Од:

Знамето на Палестина на зградата на градскиот совет во Даблин ќе се виори еден месец во знак на поддршка на Палестинците кои „живеат под окупација“, јави ирскиот весник „Џурнал“.

Предлогот на советникот на алијансата „Луѓето пред профитот“ Џон Лајонс вчера наиде на поддршка на мнозинството во градскиот совет.

– Имајќи ги во вид извештаите на Ирска за дипломатските намери за целосно признавање на државата Палестина, како и дека Ирска од и даде дипломатски статус на палсетинската делегација во Даблин во 2014 година, годината кога двата дома на ирското законодавство ги одобри предлозите за поддршка на Палестинците, градскиот совет ќе го постави палестинското знаме на својата зграда, се наведува во предлогот.

Знамето ќе биде поставено во знак на поддршка и како гест на солидарност со Палестинците кои живеат под окупација во западниот дел на Газа, каде Израел им ги ускрати основните демократски права и им забрани на повеќе од седум милиони лица да се вратат во татковината.

Би можело да ве интересира

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски