Меѓународниот Црвен крст ја лансираше првата глобална мрежа на инфлуенсери од социјалните мрежи за да се бори против дезинформациите за коронавирусот и за да шири содржини за спречување на ширењето на болеста.
Експертите со месеци предупредуваат дека пандемијата се сокри во масовната „инфодимија“, односно меѓу бројните информации, меѓу кои се широко распространети лажните тврдења што можат да претставуваат сериозна закана за јавното здравство, пренесува Гардијан.
-Добивањето вистински информации е исто толку важно како и здравствената заштита, изјави Никола Џонсон, медиумски менаџер на Меѓународната федерација на друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Членови на мрежата се дваесетина влијателни инфлуенсери, кои имаат огромно влијание врз социјалните мрежи и имаат вкупно околу два милиони следбеници.
Црвениот крст, исто така, наведува дека очекува во следните денови списокот на членки да се прошири.