Циклонот Пам се приближува кон Нов Зеланд

Од:

Тропскиот циклон Пам, кој кон крајот на минатата недела ја опустоши тихоокеанската држава Вануату, продолжува да се движи кој југ и се приближува кон Нов Зеланд.

Силатата на циклонот, кој имаше петта, максимална категорија, со брзина на ветрот од 300 километри на час, денеска почна да се намалува. Метеоролозите прогнозираат дека епицентарот на циклонот ќе го заобиколи Нов Зеланд.

На новозеландскиот Северен Остров ветерот се движеше со брзина од 144 километри на час, а поголем дел од островот беше поплавен од обилните дождови, поради што населението беше евакуирано. Во неколку градови има прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Претседателот на Вануату, Болдвин Лонсдејл изјави дека циклонот разурнал 90 проценти од зградите во главниот град Порт Вила, а шест лица загинаа, а 30 се повредени.

Според податоци на Обединетите нации најмалку 44 луѓе загинаа на архипелагот, кој е составен од 80 острови.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско