„Циганска секција“ во Стокхолм водела регистар на Ромите

Од:

„Циганската секција“, општински орган во Стокхолм, кој со години водел регистар на Ромите на подрачкаето на шведскиот главен град, ги кодирал регистрираните лица со „цело Ц“ и „полу Ц“, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Лицата кои живееле со Ром, но самите немале ромско потекло, по извршените контроли во нивните домови, во регистарот биле означувани со печатот „не Ц“.

Податоците заведни во споменатиот регистар, кој во Стокхолм бил воден се до 1996 година, се третираат како строго доверливи. Но, во работата на белата книга на Владата за незаконскиот третман на Ромите во Шведска, истражувачите сепак добиле пристап до архивираните документи.

Денес регистарот воден од општинската „Циганска секција“ се чува во 128 картонски кутии во просториите на Државниот архив на Шведска.

Државната Социјална управа до 80-те години на минатиот век користела кодови „Ц“, „1/2 Ц“, „1/4 Ц“ и „не Ц“, со цел да ги сортира Ромите и нивните домаќинства.

–  Се срамам кога го слушам ова, изјави шведскиот министер за интеграции Ерик Уленхаг за весникот „Дагенс нихетер“.

Инаку, деновиве голем публицитет добија објавените податоци дека преку 4.000 Роми се заведни во еден регистар во компјутерскиот систем на полицијата во јужната шведска покраина Сконе. Заедничка ознака на регистарот е „скитници“.

Многумина од лицата кои се заведени во регистарот се неосудувани, а повеќе од 1.000 од нив се деца. Полицијата потврди дека таков регистар постои, но истовремено наведе оти за него не била добиена дозвола од страна на раководството на полицијата во Сконе.

Станува збор за регистар кој се состои од разгрането дрво со приказ на роднински лози, каде што податоци за матични броеви и адреси се комбинирани со стрелки што ги посочуваат роднинските врски меѓу регистрираните лица.

Високи полициски службеници изразија уверување дека зад регистарот стојат одделни полицајци.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло