Ужасна снимка на напад на канибал денеска ја обиколи Кина. Пијан возач на автобус среде бел ден нападнал жена на улица, гризејќи ја по лицето. Уличните камери го снимилие ужасниот напад на човекот кој се обидувал да го „изеде„ лицето на жената.
Несреќната жена се наоѓа во тешка здравствена состојба и она што е познато е дека нејзиното лице е комплетно уништено и дека во „најмала рака“ жената ќе треба да подлежи на безброј пластични операции.
Според локалните весници, возачот за кој е познато дека се вика Донг, бил во алкохолизирана состојба, и бил забележан како пие во текот на целиот ден.
Очевидците опишуваат дека тој наеднаш излетал на улица пред автомобилот на жената во градот Венгзоу, во северо – источна Кина, ја извлекол несреќната жена од автомобилот и почнал да ја гризе.
Луѓето кои се нашле на местото раскжале дека се обидувале да го тргнат Донг, кој жената ја срушил на среде улица и качен врз неа дивјачки ја гризел. Додека жената вриштела цела облеана во крв, залудни биле обидите на луѓето да го тргнат разулавениот маж од над неа. Тој успеал сите да ги отргне од него и да продолжи да ја „јаде“ случајната жртва.
Дури, кога полицијата дошла успеала да го тргнат Донг. Но тој во меѓувреме буквално ги одгризал носот и устата на несреќната жена.
Овој е само еден од низата напади, кој ги обиколија светските медиуми за канибалски напади, за кој се сомнева дека се предизвикани од дрогата која ја нарекуваат „дрога-човекојадец“.