Чинголани: На Италија ќе и требаат најмалку три години за да го замени рускиот гас со други енергетски извори

Од:

На Италија ќе и требаат најмалку три години за целосно да го замени гасот увезен од Русија со други извори на енергија, изјави министерот за еколошка транзиција Роберто Чинголани.

Италија увезува околу 30 милијарди кубни метри гас годишно од Русија, што е околу 40 отсто од вкупниот увоз на тој енергетски извор, а по руската инвазија врз Украина забрзано бара нови извори за снабдување.

Италијанскиот министер истакна во Горниот дом на Парламентот дека целосната замена на рускиот гас „е можна само во временски период од најмалку три години“. Тој, сепак, додаде дека 20 милијарди кубни метри може да се заменат „на краток до среден рок“ со низа мерки, со што се издвојува поголем увоз од Алжир, за девет милијарди кубни метри годишно.

Дополнителна можност е поголемото производство на електрична енергија со употреба на јаглен и нафта, што би заменило три до четири милијарди кубни метри гас, истакна Чинголани.

Другите мерки ќе вклучуваат зголемување на увозот на електрична енергија од северна Европа и набавка на дополнителни шест милијарди кубни метри течен природен гас (ЛНГ).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија