Четвртина од азилантите во Австрија ќе бидат вратени во земјите од ЕУ во кои првично побарале азил

Од:

Четвртина од подносителите на барања за азил Австрија ќе ги врати во земјите од Унијата во кои првично го поднеле барањето, најави министерката за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер, пренесува Танјуг.

Откако во мај во Австрија беа поднесени 6.240 барања за добивање азил, што е по жител повеќе отколку во секоја друга земја од Европската унија (ЕУ), министерката за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер смета дека е време за преземање противмерки.

Секако меѓу нив има случаи што потпаѓаат под таканаречаната Даблинска постапка. За проверување на предусловите за добивање на азил надлежна е земјата на Европската унија во која некој го поднел своето прво барање за азил, а секое четврто лице кое во мај во Австрија поднесе барање за азил, според податоците на министерството, веќе првично го сторило тоа во некоја друга земја од ЕУ.

Во Австрија најмногу се дојдени преку Унгарија и Бугарија и тие, како што е најавено, со чартер летови и автобуси ќе бидат вратени во овие земји.

-Секако дека како и порано, новите поднесители на барање за азил ќе бидат регистрирани и прифатени, а тоа е нашата обврска. Сојузната служба за странци и азил во текот на постапката пред се ќе се концентрираат на Даблинските случаи и ќе спроведат заминувања во странство, потврди Волфганг Таухер, директор на Сојузната служба за странци и азил.

Планирано е и вработување на дополнителни 125 службеници за обработка на барањата, а се зборува и за можна соработка со Министерството за одбрана.

Во минатата година во Европската унија беше забележена рекордна бројка од 626.000 барања за добивање азил, а оваа година се очекува уште поголема бројка.

Министерството за внатрешни работи проценува дека годинава во Австрија може да се очекуваат 70.000 барања. При тоа австрискиот систем за азил не е прилагоден за повеќе од 30.000 барања.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник