Четврт смртен случај од новиот коронавирус во Франција, бројот на заразени надмина 200

Од:

Во Франција е регистриран четвртиот смртен случај од Ковид-19, а истовремено бројот на заразените се зголеми на 204 случаи.

Последниот смртен случај е лице на 92-годишна возраст, а другите починати од Ковид-19 биле на возраст од 80 години, и еден на 60 години.

Во продавниците се чувствува зголемена потрошувачка на трајните прехранбени производи, а во аптеките на некои места има зголемување на цените за два до три пати на заштитните маски и геловите за дезинфекција.

Францускиот претседател Емануел Макрон најавува реквизиција на залихите и производство на заштитни маски, кои ќе им бидат дистрибуирани на здравствени работници и на заразените лица во Франција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили