Четворица руски војници осудени за тортура, добија 11 години затвор

Од:

Украинскиот суд осуди четворица руски војници на 11 години затвор за мачење на тројца жители на селото Борова, соопшти портпаролот на Службата за безбедност на Украина, Артем Дехтиаренко.

Меѓу осудените има и двајца војници на руската 16-та посебна специјална бригада. Други двајца се платеници на руската приватна воена компанија Редут. На почетокот на септември 2022 година, тие киднапираа тројца мажи кои учествуваа во „антитерористичка операција“, рече портпаролот.

“Руските војници ги држеле киднапираните мажи врзани во јама со вреќи на главите. Жртвите биле брутално мачени и им се заканувале со убиства. На овој начин тие се обиделе да добијат информации за други украински војници. По тортура и нечовечко страдање, руските војници ги ослободи жртвите“, рече Дехтиаренко.

Обвинителството забележува дека сите четворица руски војници целосно ја признале вината и се покајале. На судењето додадоа и дека бараат прошка од сите Украинци.

Руските војници имаат право на жалба.

Би можело да ве интересира

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски