Четири лица се ранети денеска при напад со минофрлачка граната истрелана врз полициска патрола во руската автономна Република Дагестан.
Како што јави ТАСС, при нападотм што се случил во областа Бујнакск, се повредени тројца полицајци и еден цивил.
– Тројца полицијаци и еден цивил се ранети кога непознати лица отвориле оган во близина на селото Каранахи, изјави претставник на Министерството за внатрешни работи на Дагестан.