Четири жени киднапирале и недела дена сексуално злоставувале војник во Зимбабве, пред да го каменуваат и остават во планина.
Дваесет и петгодишниот маж прифатил жените, кои што биле со еден маж да го превезат со автомобил до Мутаре.
-Откако скренале од патот, војникот прашал каде се движат, а тие му одговориле дека одат по храна-изјави портпаролот на полицијата Моникаланд, Нузондива Клин.
Тој додаде дека војникот барал да го запрат автомобилот, но возачот му се заканил со нож, а една од жените му ставила црна марама околу очите.
Додека бил во заложништво, од 19-ти до 23-ти април, војникот повеќе пати бил приморен на сексуален однос со една од жените.
По неколкуте дена, тие го оставиле во планината Дангамвур, каде што го каменувале и му нанеле тешки повреди, по што го однеле во непознат правец.
Војникот случајот го пријавил во полициската станица во Сакубви, по што е започната истрага.
Елена Георгиевска