Четири начини на кои светот радикално ќе се промени до 2030 година

Од:

Си-Ен-Ен – Атланта

Мултимилијардерот Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда, основачи на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, во годишното обраќање за 2015 година наведоа четири начини на кои светот во 2030 година ќе биде подобро место, пишува Си-Ен-Ен.

Во писмото велат дека при основањето на Фондацијата во 2000 година си поставиле задача животот на најсиромашните во светот во 15 години да го подобрат побрзо од било кога во историјата.

– Во тоа ја вложивме својата веродостојност, време и пари, бидејќи сметаме дека никогаш немало подобро време за забрзување на развојот и постугнување на големо влијание на животот ширум светот – стои во годишното писмо.

Ова се четири начини на кои светот ќе се промени до 2030 година:
Прво, смртноста на децата ќе се преполови бидејќи во 1990 година едно од 10 родени деца умреле пред својата петта година. Денес умира едно од 20. До 2030 година тој број ќе биде едно дете од 40 родени.

Второ, Африка самата ќе може да се прехрани. Денес тој континент мора да се потпре на увозот на храна и хуманитарна помош за да се прехрани населението, иако 7 од 10 луѓе во субсахарска Африка се бави со земјоделие.

Мобилното банкарство ќе помогне најсиромашните радикално да го променат начинот на живот и тоа е третиот начин за промена на светот.

Денес околу 2,5 милијарди луѓе немаат пристап до ефтини и едноставни финансиски услуги, што е проблем кој на сиромашните животот го прави уште потежок.

Образованието преку интернет ќе се проширува како што ќе се шири брзиот широкопојасен интернет и кога смартфоните ќе станат ефтини како класичните мобилни телефони, ја наведе Гејтс четвртата причина. Пред детето да појде во основно училиште, тоа веќе ќе може преку смартфонот на мајката да ги научи бројките и буквите.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Извршниот директор на фондацијата Гејтс најави најголем годишен буџет досега

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он