Четири лица ранети при вооружен инцидент во трговски центар во Сиднеј

Од:

Четири лица се ранети кога сиднејската полиција денеска отворила оган врз еден вооружен маж во шопинг центар од градот Сиднеј, соопшти полицијата.

Полицијата наведе дека ранети се мажот, кој во рака држел нож, и три жени на возраст меѓу 60 и 80 година.

Претставникот на полицијата на Нов Јужен Велс, Денис Клифорд, соопшти дека полицијата била повикана во шопинг центарот во северно предградие на Сиднеј.

Полицајците му пришле на вооружениот маж и тогаш дошло до инцидентот, пренесоа австралиските медиуми.

Клифорд додаде дека било пријавено оти вооружениот маж исчезнал од блиската психијатриска установа и дека по него трага локалната полиција.
За инцидентот ќе биде отворена истрага. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он