Чесите го величат Ким ил-сунг и имаат две комунистички партии, пишуваат севернокорејските медиуми

Од:

Во Чешка сега постојат две комунистички партии и локалните жители секоја година го одбележуваат роденденот на Ким Ил-сунг. Ваква слика за Чешка создава Северна Кореја преку државните медиуми, споменувајќи ја земјата најчесто од другите европски земји, јави дописникот на МИА од Прага.

Прегледот на севернокорејскиот печат покажува дека Прага служи за пропаганда на тоталитарниот режим, пишува во обемна анализа чешкиот весник „Млада Фронта Днес” (МФД).

– На 7 мај во Прага, во организација на Чешкиот комитет, беше одржана церемонија за одбележување на дваесет годишнината од смртта на претседателот Ким Ил-сунг, известувала оваа пролет официјалната Севернокорејската новинска агенција КЦНА, додавајќи дека по тој повод биле одржани разновидни политички и културни настани.

Бројните вести поврзани со други земји од 2000 до 2014 година ги открил новинар на МФД преку посебна апликација.

Чешките поддржувачи на режимот на Ким Јонг-ун навистина неколку пати организираа средби, но без учество на мнозинството на Чесите.

Корејската агенција ја споменувала Чешка и на почетокот на летото, кога Северна Кореја беше во жалост по повод 20-годишнината на мртвиот лидер. Била цитирана и изјава на Јосеф Готвалд, претседател на Окружен комитет на чешката КП, кој наводно рекол дека Ким Ил-сунг е „голем лидер на корејскиот народ, кој прогресивците во светот безгранично го обожуваат за создавањето на партијата, армијата и државата”. Готвалд за чешките медиуми негира дека дал таква изјава.

Според новинарското истражување, Чешка се споменува во севернокорејските медиуми речиси секој третти ден. Во споредба со другите европски земји, тоа навистина е често.

– Таму постои едноставна агенција, која продуцира вести за поддршка на сегашниот режим. Споменувањето на Чешка можеме да сметаме дека е средство за постигнување на целта, вели за МФД Михал Краус од Чешко-корејската заедница.

Чешките новинари, неуспешни се обиделе да стапат во контакт со нивните севернокорејски колеги, бидејќи на веб страните на медиумите нема официјални контакти на редакциите.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он