Чешкиот министер за земјоделство бара најстроги казни за учесниците во аферата со коњското месо

Од:

 Чешкиот министер за земјоделство Петр Бендл, во врска со аферата со недекларирано коњско месо смета дека снабдувачите треба најстрого да бидат казнети, јави дописникот на МИА од Прага.

– Јас мислам, дека тоа е нелегална храна и таа не треба понатаму да се дистрибуира, ја пренесоа чешките медиуми изјавата на Бендл од Брисел каде со останатите колеги, ресорни министри разговараат за проблематичните ознаки на прехранбените производи.

Бендл, е против предлогот на германскиот министер за стопанска соработка и развој Дирк Нибел,кој го подржа предлогот на владејачката Христијанска демократска унија, храната во која имаше коњско место наместо говедско, да биде поделена на сиромашните.

Последните тестови на Чешката ветеринарна инспекција, покажаа дека недекларирано коњско месо имало во ќофтиња наменети за рестораните на шведскиот синџир за мебел „Икеа“ како и во полски говедски хамбургери увезени од компанијата „БидВест“.

Исто така постои сомневање дека од Ирска, неодредена количина на говедско месо кое всушност содржи коњско е внесено во земјата. Според чешкиот министер за земјоделство, треба најстрого да се казнат оние кои ги увезуваат овие производи.

– За да можат сите други да знаат, дека доколку ги измамат потрошувачите ќе ги чека строга казна во Чешка, додава Бендл. Фактот што проблемот се појавил во Шведска, каде „Икеа“ има свое седиште според министерот покажува дека проблемот има пошироки размери и затоа апелираше да се користат домашните, чешки производи.

Би можело да ве интересира

Спречен шверц на месо опасно за здравјето – Камион на грчка фирма носел четири тони месо од дивеч во Македонија

Затворски казни за обвинетите од предметот со коњско месо во Франција

Бараат увоз на смрзнато свинско месо без царина за да се намали цената на домашните месни производи за 10 – 15 %

Маја Илиевска-Пачемска

Јагнешкото ретко и скапо пред Велигден, традиционално поскапеа и пазарите

Жарко Настоски

Да јадеме помалку месо за да се намали ризикот од нови пандемии, порачуваат експерти на ОН

Жарко Настоски

Кина: коронавирус откриен во пилешки крилца од Бразил

Жарко Настоски