Чешката армија донираше зимска воена облека за Украина

Од:

Чешкото Министерство за одбрана донираше повеќе од 10.000 парчиња воена опрема за Украина, која повеќе не и е потребна на армијата, јави дописникот на МИА од Прага.

Според соопштението на интернет страницата на Министерството, се работи за материјална помош, зимска облека и тоа 2.000 капути – модел 97, 800 чифта чевли – модел 95, како и 3.000 кадифени штитници за уши. Нема детали за вредноста на донираниот материјал.

Чешка на Украина веќе и понуди помош за лекување на повредени демонстранти во чешките болници, каде досега беа донесени неколку десетици.

Министерот за одбрана Мартин Стропницки во септември минатата година изјави дека во земјата би можеле да се лекуваат и ранети украински војници и дека чешката страна е подготвена да и помогне на Украина со медицински и друг материјал.

Украина, која изминатите неколку месеци се соочува со судири со проруските сепаратисти, претходно изрази интерес за авионите кои Чешка веќе не ги употребува.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17