Чешка во ЕУ потврди дека не може да прифати илјадници бегалци

Од:

Чешка од безбедносни и технички причини, не е подготвена да прими илјадници бегалци и не се согласува со можноста за задолжителни квоти за распоредување на бегалци во земјите-членки на Европската унија.

Ова, денеска во Брисел го изјави чешкиот министер за внатрешни работи, Милан Хованец иако за споменатите квоти не се расправало ниту некој официјално ги предложил.

– Не велам дека на крајот ќе има обврзувачки квоти, но ние мора да се изјасниме за нашата позиција, изјави Хованец за чешките медиуми.

Хованец, како што јави дописникот на МИА од Прага, смета дека дебатата во ЕУ сепак се движи во таа насока, особено тоа го потенцирале земјите кои од прашањето за бегалците најмногу се погодени.

Како пример, чешкиот министер го наведе германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер кој го прашал како Чешка се подготвува да помогне.

Хованец и нему му повторил дека Чешка не може да прими неколку илјадибегалци, но додаде дека тоа не значи дека нема да прими никакви сириски бегалци.

Тој, спомена дека се планира евакуација на сириски деца со родители, а повтори и дека Чешка по ова прашање придонесува и со учество во Програмата „Медевак“, во чии рамки чешките лекари во Јордан се грижат за децата на бегалците од Сирија.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски