Чешка не пушти во продажба над илјада килограми месо од Шведска

Од:

По резултатите од тестовите на Чешката ветеринарна управа (СВС) која открила траги од коњска ДНК во говедски хамбургер со потекло од Полска и ќофтиња од говедско и свинско месо од Шведска, производите се стопирани и не се пуштаат во продажба.

Според изјавата на портпаролот на СВС, Јозеф Дубен информацијата е ставена и во системот за итно предупредупредување РАСФФ за останатите земји-членки на Европската унија, јави дописникот на МИА од Прага.

Примероците од хамбургерите се продавале во компанијата „БидВест“, а ќофтињата, во рестораните на шведскиот синџир на продавници за мебел „Икеа“. Двете сомнителни пратки, конкретно 760 килограми ќофтиња и 360 килограми хамбургери се запрени од понатамошна дистрибуција во продажната мрежа.

– Покрај ова се проверува и податокот колку ирско месо кое е означено како говедско месо, а за кое постои сомневање дека содржи коњско месо влегло во нашата земја, додаде Дубен.

Претходно, чешката инспекција пронајде недекларирано коњско месо во лазањи произведени во Луксембург.

Би можело да ве интересира

Спречен шверц на месо опасно за здравјето – Камион на грчка фирма носел четири тони месо од дивеч во Македонија

Затворски казни за обвинетите од предметот со коњско месо во Франција

Бараат увоз на смрзнато свинско месо без царина за да се намали цената на домашните месни производи за 10 – 15 %

Маја Илиевска-Пачемска

Јагнешкото ретко и скапо пред Велигден, традиционално поскапеа и пазарите

Жарко Настоски

Да јадеме помалку месо за да се намали ризикот од нови пандемии, порачуваат експерти на ОН

Жарко Настоски

Кина: коронавирус откриен во пилешки крилца од Бразил

Жарко Настоски