Чавез – полковникот кој стана левичарски политичар

Од:

Претседателот на Венецуела Уго Чавез почина во Каракас,на 58-годишна возраст,по двегодишна,неуспешна битка со ракот.Последен пат се појави во јавноста,во декември минатата година,кога врз него во Хавана,на Куба,беше извршена и четвртата хирушка интервенција,во обидот на лекарите да му се продолжи животот.

На власт беше 14 години,од 1999 година,кога за прв пат беше избран и поставен за претседател.Потоа уште на два пати беше биран за претседател,во 2001 и 2007 година.По четврти пат беше реизбран минатата година,иако тешко болен.

Не успеа да биде промовиран за претседател,ниту уште еднаш да влезе во канцеларијата на шефот на државата. Во својата земја и во светот,ке остане запаметен како контроверзен политички лидер,кој својот полковнички чин го замени за политиката,претворајки се во силен претставник на латиноамериканската левица и популист.

Ваквата омилена и во тој дел од светот честа промена на униформата,за политичката фотеља,предизвика тој да замине во историјата со длабоко поделени мислења,како во Венецуела,така и во меѓународната јавност. За своите приврзеници,Чавез остане лидер чиј идеализиран социјализам ја порази политичката елита во Венецуела,давајки им надеж на најсиромашните слоеви во оваа со нафта богата земја во Јужна Америка.

Пропагандната војна што ја водеше против САД,критикувајки ја американската политика на континентот и во светот,му обезбеди симпатии меѓу сите антиамерикански и левичарски определни интелектуалци и активисти, на европскиот континент,како и пријателство кај т.н. „розеви„ лидери кои прикриено кокетираат со марксизмот, во карибскиот регион и во Средна Америка. Неговите противници, дома и надвор,сепак, и по неговата смрт ке го опишуваат како најлош тип на латиноамерикански автократ,решен од Венецуела да изгради еднопартиска држава и да ги елиминира сите кои ке му се спротивстават на политиката што тој ја наметна во својата земја.

Чавез е роден на 28 јули 1954 година,како седмо дете во семејството.По завршување на средното училиште родителите ке го пратат во воената академија во Каракас,а тој подоцна ке признае дека војничката професија е она што нему најмногу му одговара.Тие години за првпат ке почне да се интересира за „револуционерната борба„ проучувајки ги текстовите на јужноамериканскиот ослободител Симон де Боливар,но и на кубанскиот марксист и револуционер,незавршениот студент по медицина од Аргентина,Ернесто „Че„ Гевара.

Од Гевара ке ја стекне својата конечна определност кон левицата,левичарењето и популизмот.Чавез уште тогаш ке ја брани потребата од воена интервенција на армијата,доколку цивлината власт не успее да ги заштити најсиромашните.

Раководејки се од таа своја определеност,тој во 1992 година ке се обиде да изврши воен пуч,за соборување на тогашниот легално избран претседател Карлос Андрес Перес.Пред крајот на истата година,ке се обиде уште еднаш да ја собори власта,по што ке биде осуден на двегодишен затвор.

За разлика од повекето држави во Латинска Америка,Венецуела имаше долг период на цивилна власт,уште од 1958 година,па Чавез по излегувањето од затвор решава да се откаже од пучистичките планови и да се претвори во политичар.

Се кандидираше на претседателските избори во 1998 година,заговарајки „револуција„ и револуционерни промени,што е омилена тема во тој дел од светот,но најавувајки и борба со олигарсите во земјата и со „корумпираните слуги“ на странскиот капитал во Венецуела. Успеа да победи со подршка од 56 отсто на гласовите на Венецуелците,но и да добие голем подрживач и обожувач во тогашниот кубански лидер Фидел Кастро.

Нивната блискост уште повеке се засили откако Чавез почна јавно да се пресметува со САД,помагајки му на веке остарениот кубански „Ел команданте“ да не биде единствениот „трн во окото“ на Американците. Војната со зборови со Вашингтон се засили откако во Венецуела беше извршен обид за тргање на власт на Чавез,за што тој ги обвини САД.Само два дена беше надвор од претседателската палата,бидејки со помош на силните „народни немири“ пред се на најсиромашните,набргу беше вратен на функцијата.

На следните избори доби уште поголема поддршка,а неговите следбеници,подоцна, се согласија (на референдум) за него да нема повеке ограничување на мандатот.

Од тогаш тој, практично, стана доживотен претседател,поради што реши да се кандидира и за последните избори,минатата година,иако знаеше дека е болен од рак. Лугето во неговата земја,а и во целиот регион,ке го паметат по практикувањето да „комуницира со народот“ преку специјалната телевизиска програма „Ало президенте“. Во неа, Чавез зборуваше со часови,одговрајаки на прашањата од лугето и неподготвен,без да чита,промовираше мерки за внатрешната и надворешната политика,а посебно за економијата и социјалниот живот.

Неговите противници остро го осудуваа тоа,нарекувајки го импровизирање и политика која се определува само врз основа на тоа што Чавез ке му вети на народот во своите „жешки„ монолози,критикувајки го своите политички противници и странците и наметнувајки решенија што потоа се трансформираа во закони, Неговото 14-годишно владеење заврши со хаосот во кој се наоѓа домашната економија.

Неговиот најверојатен наследник,потпретседателот Николас Мадуро уште додека Чавез се лекуваше,минатиот месец изврши девалавација на боливарот од цели 32 отсто.

Причината за тоа е што иако Венецуела е богата со нафта,од која влече големи приходи,нерзаумните јавни трошоци,популистичките мерки и непокриените јавни работи,целосно ја поткопаа домашната економија.

Благодарејки на неговите социјални програми,посиромшните слоеви во Венецуела за прв пат, имаа полза од нафтата.Но уличното насилство и криминалот,како и корупцијата сега се уште поголема од порано,додека некомпетентното водење на економијата ја остави оваа земја да биде зад своите помалку богати соседи и да се соочува со неизвесна иднина.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски