Чавез: На гласање пред зори!

Од:

Венецуелскиот претседател Уго Чавез ги повика своите симпатизери да гласаат во раните утрински часови на изборите што ќе се одржат в недела, 7.октомври, бидејќи нивните гласови му се потребни за да победи, а потребна му е и добра организација и логистичка поддршка.

Чавез (58) се надева дека по третпат ќе биде избран, па цела недела се фокусираше да добие што е можно повеќе поддршка од гласачите наспроти неговиот противкандидат Енрике Каприлес (40).

Чавез им препорача на своите приврзаници да бидат како војска, да се разбудат уште пред зори на денот на гласањето, како и претходните години, да ги поканат своите соседи да гласаат.

„Треба да се разбудите околу три часот наутро, да пиете кафе, каснете некое добро чоколадо и доручкувајте. Треба да работиме напорно заради логистиката, распоредувањето. Мораме да се погрижиме за вода, храна, транспорт на војниците до избирачките места бидејќи тоа е стратегија и тактика“, рече тој.

Чавез е поранешен армиски офицер, рече дека за ваквите работи мора да се погрижат бидејќи во прашање е „иднината на татковината во следните 100 години“.

Според законите во Венецуела, објавување на резултатите од истражувањето на јавното мислење во последната недела од предизборната кампања е забрането, но досегашните анкети укажуваа дека Чавез има повеќе шанси да победи на изборите.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски