Чавез има постоперативни компликации

Од:

Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез има постоперативни компликации и e подложен на дополнителнa операција за запирање на крварењето, соопшти денеска венецуелскиот министер за информации Ернесто Виљегас.

“Пациентот (Чавез) брзо се опоравува и виталните функции се нормални”, рече Виљегас за државната телевизија, додавајќи дека ревизијата била неопходна поради крварењето по операцијата од рак пред два дена, пренесе Ројтерс.

Чавез во вторникот имаше “комплексна операција”, која траеше повеќе од шест часа.
Претседателот на Венецуела, е опериран по четврти пат поради повторно појавување на тумор од јуни 2011 година. кога за прв пат беше опериран во Куба.

Пред да замине за Куба, Чавез за свој наследник го назначи Николас Мадуро, доколку не биде во состојба да ја врши својата должност после операцијата.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски