Чавез: Да сум Американец и јас би гласал за Обама

Од:

„Да сум Американец и јас би гласал за Обама“, рече во телевизиско интервју емитувано во неделата претседателот на Венецуела, Уго Чавез, пружајќи му на тој начин отворена поддршка во изборната кампања на сегашниот американски претседател.

Во истото интервју, Чавез го изнесе и своето мислење дека Обама е “добар човек” и верува дека претседателот на САД, кога би бил Венецуелец, “Мислам дека …би гласал за Чавез”.

И самиот Чавез во моментов води предизборна кампања, во пресрет на претседателските избори што треба да се одржат на 07 октомври и дека, доколку победи, ќе добие уште шест години претседателски мандат. Нешто подоцна, во ноември, со неговиот републикански ривал Ромни силите ќе ги одмери фаворититот на Чавез на претседателските избори во САД, Барак Обама.

Имено, односите меѓу САД и Венецуела се затегнати со години, и иако САД е главниот купувач на Венецуелската нафта, Чавез во телевизиското интервју, изрази желба таквата состојба да се промени:

“Би сакал да можеме да започнеме нов период на нормални односи со владата на САД”, изјави венецуелскиот претседател.

За сегашните проблематични односи меѓу државите , сепак, во голема мера и јас сум заслужен рече Чавез. По ракувањето со претседателот Обама во 2009. и релативното нормализирање на односите, Чавез , одби да го прифати американскиот амбасадор во Венецуела Лари Палмер, обвинувајќи го дека со непочитување говорел за венецуелската влада. На тоа и Вашингтон ја повлече визата на амбасадорот од Венецуела , така што двете земји од 2010 година. немаат дипломатски односи на ниво на амбасади.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски