Чавес закрепнува задоволително по операцијата на рак во Куба

Од:

Венецуелскиот претседател Уго Чавес заздравува задоволително по операцијата на рак во Куба и разговарал со своите роднини, соопшти владата.

– Закрепнувањето е бавно, но прогресивно, изјави министерот за информации, Ернесто Виегас.

Уго Чавес (58) во вторникот имаше четврта операција од рак во Хавана, откако беше утврдено дека болеста повторно се појавила наспроти претходните хируршки интервенции.

Во владиното соопштение се наведува дека за време на шестчасовната операција дошло до компликации и обилно крварење, но пациентот реагирал позитивно на преземените мерки.

Виегас, исто така, нагласи дека Чавес разговарал со своите роднини, како и дека пратил поздрав до целиот венецуелски народ.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски