„Чавес е во вештачки предизвикана кома“

Од:

Според шпанскиот весник АБЦ, што се повикува на свои извори, претседателот на Венецуела, Уго Чавес, кој на почетокот на декември беше подложен на онколошка операција, веќе неколку дена се наоѓа во состојба на вештачки предизвикана кома, пренесоа светските агенции.

Неговиот живот вештачки се оддржува и во секој момент може да се донесе одлука за исклучување на апаратите.

Официјалните празнувања за Нова година во Венецуела беа откажани откако во неделата вицепретседателот Никола Мадуро, преку телевизија од Куба, соопшти дека се влишила состојбата на Чавес.

Мадуро, кој е исто така и министер за внатрешни работи и од Чавес беше одреден за негов наследник пред неговото заминавање на лекување во Хавана, изјави дека ќе остане до претседателот во следните часови, потсетија француските медиуми.

Последните официјални вести од Куба дојдоа во текот на новогодишната ноќ од страна на Хорхе Ареаса, министер за наука и технологии и зет на претседателот. Тој на Твитер реагираше на гласините на социјалните мрежи, дека Чавес починал. „Сонародници, не верувајте им на злонамерените гласини“, напиша тој. Претседателот Чавес мина спокоен и стабилен ден, придружен од своите деца. Трите ќерки и синот на Чавес се во Хавана за да бидат до него.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски