Интервјуто со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, предизвика остри критики, со оценка на некои експерти дека бил премногу меко, додека Украина го нарече давање простор на „воен злосторник“.
Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ноел Баро, денес на маргините на самитот на Г7 во Франција изјави дека Лавров „можел непречено да ја шири својата пропаганда на француска телевизија“, пренесува Фигаро.
Шефот на француската дипломатија особено ги критикуваше тврдењата на својот руски колега дека Русија, поддржувајќи го Иран во војната против САД и Израел, всушност го брани меѓународното право.
„Меѓународното право не се брани со започнување агресивна војна“, возврати Баро.
Guerres au Moyen-Orient et en Ukraine, soutien à l'Iran, attitude de la Russie à l'égard de la France et de l'Union européenne… Le chef de la diplomatie russe a répondu aux questions de Léa Salamé, jeudi, dans le JT de 20 heures de France 2. #JT20h pic.twitter.com/mvOx1zk1kb
— Le20h-France Télévisions (@le20hfrancetele) March 26, 2026
Интервјуто со Лавров емитувано синоќа на телевизијата Франс 2, кое го водеше новинарката Леа Саламе, наиде на жестоки критики, некои експерти го оценија како благо, додека Украина го осуди давањето медиумски простор на „воен злосторник“.
Украинскиот амбасадор во Париз, Вадим Омелченко, на платформата X праша: „Која е целта на давањето простор на обичен фашист и воен злосторник?“
Директорот на информативната програма на Франс Телевизија, Филип Корбет, го бранеше интервјуто, наведувајќи дека разговорот со шефот на руската дипломатија, „важен актер во војната на Блискиот Исток“ и сојузник на Иран, е од очигледна новинарска важност.
Интервјуто беше претходно снимено и спроведено од далечина, додека Лавров беше во Москва.
Десет минути беа емитувани на централната информативна програма „20ч“ на Франс 2, која ја гледаа 3,4 милиони гледачи според податоците од агенцијата за рејтинг, додека подолгата, едночасовна верзија е објавена на страницата franceinfo.fr.
Според францускиот телевизиски канал, барањето на Русија било „целото интервју да биде достапно за јавноста“, но компанијата истакнала дека оваа практика на транспарентност станува сè почеста.
„Катастрофална секвенца на јавен сервис“, оцени експертот за Русија Димитри Минит од Францускиот институт за меѓународни односи, нарекувајќи го интервјуто „бескорисно, лошо подготвено и на крајот опасно“.
Тој предупреди дека Москва ја гледа информациската војна како централно оружје во својот конфликт со Западот.
Истражувачот Етјен Маркус од Фондацијата за стратешки истражувања изрази слична критика, нарекувајќи го интервјуто „срамно“ затоа што, како што изјави, претставник на непријателска сила може да ги презентира своите пораки во ударниот термин без никаков предизвик.
Аналитичарот Луј Дукло ја критикуваше Леј Саламе за тоа што не поставила прашања за „руските воени злосторства во Украина“, наведувајќи примери како Буча, Мариупол и Изјум, како и нападите со беспилотни летала врз цивили.
Од друга страна, Здружението на новинари на Канал Франс 2 застана во одбрана на новинарката.
Нејзиниот претседател Валери Леруж истакна дека Саламе го соочила Лавров „со фактите“, споменувајќи ги нападите врз училиштата и болниците, како и илјадниците мртви цивили во Украина.
„Ова интервју во никој случај не беше потценувачко“, нагласи Филип Корбе, посочувајќи на обемното известување за војната од страна на редакцијата, вклучувајќи стотици извештаи од теренот во Украина.
