Целата ирска Влада e во изолација откако настинал министерот за здравство

Од:

Целата ирска Влада е во самоизолација, а Парламентот е суспендиран, откако министерот за здравство пријави дека не се чувствува добро.

– Сите сесии се одложени за, се надеваме, до следниот вторник или додека не добиеме упатства за повторно започнување на владината постапка, изјави претседавачот Шон О Фиргејл.

Ирскиот радиодифузер РТЕ објави дека министерот за здравство Стивен Донели контактирал со својот лекар за да направи тест за коронавирус, откако почувствувал симптоми на настинка.

Донели присуствуваше на владина седница и на прес-конференција на која ги објави најновите планови на ирската Влада за повторно отворање на економскиот и социјалниот живот на земјата.

Ирска во последните 24 часа има 357 нови случаи на коронавирус, а повеќето се пријавени во Даблин.

Би можело да ве интересира

Лајен: Сите земји-членки на ЕУ во исто време ќе ја добијат вакцината против Ковид-19

Ана Ололовска

Франција се затвора поради Ковид-19, нема влез во земјата

Ана Ололовска

Медиуми „го умреа“ црногорскиот владика Амфилохије, Црквата ја демантира веста

Жарко Настоски

ВИДЕО: Масовна тепачка во авион поради носење маска под брада

Жарко Настоски

Фаучи: Првите вакцини против Ковид-19 околу Нова година

Жарко Настоски

Експерти: Губењето на антитела на короната не мора да биде лошо за имунитетот

Жарко Настоски