Цариградскиот патријарх со одлука за признавање на Украинската црква

Од:

Цариградската патријаршија се согласи да ја признае независноста на Украинската православна црква. Ваквиот потег веднаш го поздрави украинскиот претседател Петро Порошенко, но постои ризик тој да предизвика нови тензии со Москва.

„Состанокот на Синодот со кој претседава патријархот Вартоломеј, кој се смета за лидер на светската православна заедница, или ,,прв меѓу еднаквите” на православните свештеници, одлучи да продолжи со доделувањето автокефалност на Црквата на Украина“, се вели во соопштението на Патријаршијата со седиште во Истанбул.

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја поздрави одлуката на Вселенска Патријаршија да ја признае независноста на Украинската православна црква и покрај протестите од Русија.

„Одлуката за доделување автокефалност на Украинската православна црква е направена. Ова е победа на доброто над злото, светло над темнината. Украина го чека овој „историски настан“ повеќе од 330 години“, рече Порошенко во телевизиско обраќање.

Во меѓувреме, Руската православна црква ја повтори својата закана да ги прекине врските со Вартоломеј ако даде автономија на Украинската православна црква.

Портпаролот на патријархот Кирил вели дека Руската православна црква ,,ќе мора да ги прекине односите со Константинопол” по одлуката.

Украинската црква веќе стотици години е врзана за Московската Патријаршија, но Киевската Патријаршија се отцепи од Москва во 1992 година по падот на Советскиот Сојуз.

Би можело да ве интересира

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Путин потпиша нов закон, Русија не ги признава дипломатските пасоши на ЕУ

Катерина Ѓуровски

Стотици руски православни свештеници бараат „да запре војната“ во Украина

Катерина Ѓуровски

Шкотска пак ќе гласа за независност, предложен закон за нов референдум

Жарко Настоски

Британските лабуристи поддржуваат нов референдум за независност на Шкотска

Косово одбележува 11 години независност