Бурн: Франција треба да каже кого сака, а кого не сака да го прими во државата

Од:

Франција по однос мигрантското прашање треба да каже кого сака, а кого не сака да го прими, изјави денеска француската премиерка Елизабет Бурн отворајќи ја дебатата за имиграцијата во Парламентот.

„Франција ќе остане верна на својата традиција за азил, но легитимно е да поставуваме прашања за нашата мигрантска политика – да кажеме кого сакаме, кого можеме да прифатиме, а кого не, кој не можеме да прифатиме“, рече премиерката.

Таа посочи дека „нулта имиграција“ не е ниту посакувана, ниту можна, ниту е пореална од нерегулираната имиграција, како и оти интенцијата на властите во Париз е да се демонстрира цврстина и хуманост по тоа прашање.

Таа рече дека ако се бараат ефекасни мерки, регулирана имиграција со која се управува не значи недостиг од цврстина или хуманост.

„Пред екстремната десница да се обиде со друга манипулација, повторувам дека во никој случај не се работи за опсежна регулатива…се работи за регулирање на статусот на некои луѓе“, рече премиерката.

Според неа, треба да се забрзаат процедурите за да можат побрзо да одат оние што треба да си заминат.

„Мерките за депортација треба да можат да се применат на странците кои вршат тешки кривични дела, без оглед на нивниот статус“, рече таа, посочувајќи дека втората цел е подобар прифат на оние што остануваат во земјата.

Бурн додаде дека би можело да се покрене и прашањето за регулирање на статусот на лицата без уреден статус, а кои неколку години се присутни во државата и кои работат подолго време.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски