Бурата „Гонзало“ од Западна Европа стигна до Австрија

Од:

Бурата „Гонзало“ изминатата ноќ од Западна Европа пристигна до Австрија, со брзина на ветрот од 150 километри на час.

Како што јави Танјуг, најголемата брзина на ветрот од 155 километри на час е измерена кај Сонвендштајн на планината Семеринг.

Вкупно 24 хидрометеорошки станици низ цела Австрија регистрирале брзини на ветрот поголеми од 100 километри на час.

Бурата дури и во Виена дувала со рекордна брзина од 125 километри на час, а на аеродромот во Инсбрук биле регистрирани 122 километри на час.

londonSkyline

Рекордна брзина на ветрот во октомври во Австрија беше измерена во 2000 година кај Сонблик во Салцбург, на 3.109 метри надморска височина, каде беа измерени 233 километри на час.

Бурата, која донесе  и заладување, предизвика и бројни интервенции на пожарникарите, бидејќи ветрот носел и корнел се пред себе.

Во покраината Корушка околу 8.000 домаќинства останаа без струја заради дрвјата што паднале на далекуводите.

Во покраината Штаерска ветрот корнел покриви, а и таму околу 1.500 домаќинства останаа без струја.

Во Виена „Гонзало“ однесе повеќе покриви и искрши дрвја, а пожарникарите заради силниот ветер имаа околу 100 дополнителни интервенции.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи