Будимпешта: Планот на ЕУ за забрана на руската нафта не нуди „гаранции“ за енергетска безбедност на Унгарија

Од:

Унгарските власти денеска соопштија дека не гледаат гаранции за својата енергетска безбедност во предложената ембарго на ЕУ за руската нафта.

„Не гледаме никаков план или гаранција ниту за тоа како би се менаџирала транзицијата врз основа на сегашните предлози и што би ја гарантирало енергетската безбедност на Унгарија“, се вели во соопштението на прес-службата на унгарската влада.

На прашањето дали тоа значи дека Унгарија целосно го отфрли предлогот на ЕУ, прес-службата не одговори веднаш.

Во документот во кој имале увид западни медиуми, предлогот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен бара на Унгарија и на Словачка, и двете во голема мера зависни од руската нафта, да добијат повеќе време да ја исполнат забраната.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски